Хорор во Кортина Дампецо - стравичен пад на Линдзи Вон! (ВИДЕО)

Една недела откако во Кран Монтана доживеа тежок пад, американската скијачка Линдзи Вон повторно излета, сега на олимписката патека во Кортина Дампецо.

Денеска таму се вози спуст, а легендарната натпреварувачка падна по само 12-13 секунди откако тргна од стартот.

Присутните гледаа во неверување, а од однесувањето на Вон може да се претпостави дека доживеала нова тешка повреда.