Хусениовиќ и Мицов загубија во двојки, крај на сите надежи на Македонија

Македонската репрезентација губи со 0-3 од Кипар во Втората светска група од Дејвис купот.

По вчерашните порази во сингл, денеска Хусеиновиќ и Мицов во двојки од Ефстатиу и Неос со 0-2 (2-6, 5-7) и со тоа исчезнаа сите шанси за евентуален пресврт. Во првиот сет, Кипарците освоија два брејка, во четвртиот и осмиот гем, додека во вториот, во кој се играше многу пожестоко, го освои сервисот на нашите тенисери во последниот, 12. гем со што ставија точка на мечот.

Македонскиод дубл не само што не направи ниеден брејк, туку имаше само една брејк топка, при резултат 4-4 која не ја искористи.