Верверичка ќе настрадаше на Олимписките игри - сантиметри беа во прашање! (ВИДЕО)

Многу малку фалеше Зимските олимписки игри во Италија да земат и жртва, една верверичка ќе беше преполовена од австриска сноубордерка, но успеа да се спаси.

Даниела Улбинг победи во паралел слалом, но доживеа една сериозна непријатност на патеката.

Додека се спушташе со својот сноуборд, пред неа се појави верверичка која трчаше по патеката. За среќа Улбинг успеа да ја избегне. Инцидентот не влијаеше на нејзиниот резултат.