Барселона реди победи, повторно е на „плус четири“ на врвот (ВИДЕО)
Победата за избраниците на Ханси Флик ја најави Роберт Левандовски со гол по половина час игра и тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.
Во второто полувреме Барса продолжи да биде подобар противник на теренот, а за 2-0 се погрижи Ламин Јамал во 61. Минута. Точка на натпреварот стави Бернал со одличен гол во 83. минута.
Со овој триумф Барселона дојде до 58 бода на лидерската позиција, четири повеќе од Реал Мадрид кој утре го игра својот натпревар од ова коло и гостува на Валенсија.