Арсенал лесно се справи со Сандерленд, Палмер херој на Челси (ВИДЕО)

По серијата од три натпревари без победа екипата на Арсенал се врати на победничките патеки и денеска го запиша вториот триумф во низа откако славеше над Сандерленд со 3-0.

Лидерот во Премиер лигата немаше поголеми проблеми и на свој терен лесно и рутински дојде до три бода. Резултатот беше отворен во финишот од првиот дел кога Зубиаменди на асистенција од Тросар стрелаше за 1-0.

Слична беше сликата и во вториот дел, a победата беше потврдена со двата гола на Ѓокереш.

Три бода денеска запиша и Челси кој работата против последнопласираниот Вулвс ја заврши уште во првото полувреме. Веќе до 38-та минута благодарение на Кол Палмер кој блесна со хет-трик „сините“ имаа 3-0. Во вториот дел домаќините само постигнаа утешен гол преку Ародаре.

На останатите средби Астон вила ремизираше со Бормут 1-1, Евертон го доби Фулам со 2-1, а Вест хем со 2-0 славеше над Барнли.