Четврта победа по ред на Јунајтед, уште една и - шишање! (ВИДЕО)

Првпат по две години, Манчестер Јунајтед стигна до серија од четири победи откако попладнево на домашен терен го победи Тотнем со 2-0.

„Ѓаволите“ изгледаат како сосема друга екипа по доаѓањето на Мајкл Карик, а денеска буквално го прегазија својот противник од кого лани загубија во финалето од Лигата Европа. Упатија 23 шута, 10 во рамките на голот, а го задржаа Тотнем на само еден директен шут.

Работата многу им ја олесни Ромеро кој во 29. минута доби директен црвен картон поради крвнички старт врз Касемиро кој се чинеше дека притоа доби тешка поведа, но сепак остана на теренот и играше речиси до крајот. Десетина минути по тој момент Мбеумо го отвори резултатот на асистенција на Мбеумо за во второто полувреме Бруно Фернандеш да стави точка. Во меѓувреме Јунајтед постигна уште два гола, но тие беа поништени поради офсајди.

Идната недела Јунајтед гостува кај Вест Хем и ако победи ќе стигне до посакуваните пет победи на навивачот Френк Илет. Тој вети дека нема да ја скрати косата додека неговиот омилен тим не триумфира пет пати по ред, а неговата акција почна во октомври 2024 година што значи дека оттогаш не е шишан.