Извлечени двојките за Копа дел Реј, Барса го доби најтешкиот можен противник
Барселона која ќе го брани трофејот за противник го доби Атлетико Мадрид со кого играа и во полуфиналето минатата година, тогаш првиот дуел заврши без победник 4-4, а вториот со 1-0 за каталонскиот гигант.
Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Атлетик Билбао и Реал Сосиседад.
Ќе потсетиме, Реал не е во игра за трофејот откако во осминафиналето беше елиминиран од Албасете.