Николов: Било пишано да се вратам во Вардар - одиме по двојна круна!
Николов со Вардар играше во групната фаза од Лига Европа и како што вели чувството поради враќањето во Вардар е прекрасно. Главната цел до крајот на сезоната ќе биде двојна круна.
„Чувството е прекрасно пак да се биде во Вардар. Условите се одлични за работа и драго ми е што се враќам. Се враќам со една цел, сите ја знаеме, тоа е двојната круна. Се надевам дека ќе ја усполниме, најважно е да сме сите здрави и да одиме чекор по чекор. Во минатото ме поврзуваа повеќе пати со Вардар и со мое враќање. Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но некогаш околностите и клубовите не ми дозволуваа.
Било пишано сега да се вратам, се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри. Се наоѓаме на првото место на табелата, но тоа не смее да не залажува. Лигата е квалитетна, мора да сме максимални и сериозни на секој меч, исто како да играме од нула бодови. Имаме еден поен плус од Струга, шест од Шкендија. Не смееме од сега да размислуваме на титулата, затоа што ќе биде тешко на секој натпревар. Но, мора да ја паметиме и нашата цел и да играме со таков пристап на сите натпревари, а тоа е Вардар да биде шампион на Македонија повторно#, изјави Николов.
По првиот дел од сезоната Вардар е лидер на табелата со 42 бода, еден повеќе од Струга и шест од Шкендија.