Мбапе се скарал со мајка му поради пари - морале да потпишат договор!

Фајза Ламари позната како агентка и мајка на Килијан Мбапе, годишно заработува неверојатни 4,5 милиони евра нето, сума поголема од платите на бројни фудбалери на Реал Мадрид, меѓу кои Раул Асенсио, Франко Мастантуоно, Гонзало Гарсија, Андриј Лунин, Фран Гарсија, Арда Ѓулер или Брахим Дијаз, но таа сакала и повеќе.

Според португалскиот весник „А Бола“, Ламари има фиксен договор со својот син и целосно управува со неговиот приватен, деловен и финансиски живот. Таа одигра и клучна улога во правниот спор со Пари Сен Жермен, поврзан со неисплатени плати.

Но, во едно интервју таа призна и дека на почетокот побарала од нејзинот син да добива половина од платата која ја заработува голгетерот.

„Нема да ти дадам половина! Што ти е? Јас ги давам головите, како можеш да очекуваш 50 отсто?“, ѝ порачал Мбапе.

На крајот, двајцата постигнале компромис. Ламари се согласила на 30 отсто од приходите, со јасно предупредување дека ќе престане да работи за него доколку процентот падне под таа граница. Мбапе на крајот го прифатил договорот.

Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Мбапе изнесува 180 милиони евра. Иако има само 27 години, тој веќе има освоено повеќе од 20 големи трофеи, меѓу кои Светското првенство со Франција, Лигата на нации, како и бројни домашни титули со Монако и ПСЖ.

Се проценува дека вкупното богатство на Мбапе изнесува околу 250 милиони долари, вклучувајќи ги и исклучително профитабилните рекламни договори.