Синот на легенда на Бразил ќе дебитира за Англија
Тијаго Силва, петтиот фудбалер во историјата на бразилската репрезентација по број на настапи со вкупно 113 одиграни натпревари, остави длабока трага во Челси, клуб во кој денес настапуваат и неговите синови, а еден од нив барем засега одлучи да ги брани боите на Англија.
Иаго Силва кој има 14 години наскоро ќе дебитира во младинските категории до оваа возраст во дресот на „Гордиот Албион“.
Иако по татко и мајка е Бразилец, Иаго веќе неколку години живее во Англија и стекна право на настап за оваа земја, бидејќи правилата за престој дозволуваат фудбалерите да ја претставуваат државата во која живееле најмалку три години, иако таму не се родиле.
Иаго веќе пет години е во Англија, важи за еден од најголемите таленти на Челси, а неговото појавување на собирот на младите англиски фудбалери јасно најавува дека во иднина би можел да биде англиски репрезентативец, ако Бразил не реагира и успее да го убеди пред да добие шанса во сениорската конкуренција.