Последниот тим во Серија А избра нов тренер

Последнопласираната екипа во Серија А, Верона, одлучи улогата на привремен тренер по отказот на Паоло Занети да му ја довери на Паоло Самарко.

Досегашниот тренер на младинскиот тим доаѓа како наследник на Занети кој беше разрешен во понеделникот по лошите резултат во актуелната сезона.

Верона во овој момент има само 14 бодови, по две победи, осум ремија и 13 порази и се наоѓа на посленото место на табелата, па така сигурно дека Самарко го чека тешка битка за опстанок.

Во следното коло, во петок, Верона ќе игра на домашен терен против претпоследната Пиза, тим со кој имаат ист број на бодови, но поради подобрата гол-разлика се наоѓа едно место пред нив.