Бензема изврши „предавство“, па со една изјава ја „запали“ С. Арабија

Францускиот напаѓач Карим Бензема повторно е во центар на внимание поради трансферот во Ал Хилал, но и неговата изјава по доаѓањето во новиот тим.

Бензема го напушти Ал-Итихад и се пресели во редовите на нивниот најголем ривал Ал Хилал, па навивачите го прогласија за предавник.

Дополнително ги налути изјавата на Бензема, кој кажа дека „Ал Хилал е Реал Мадрид во Азија“, па поради тоа има голем број негативни коментари на сметка на Французинот.