Шошкиќ блесна во историскиот триумф на Стони Брук во НЦАА

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Шошкиќ одигра одличен натпревар за неговиот универзитет Стони Брук во победата од 72-68 против Елон Феникс во НЦАА-лигата.

Шошкиќ беше најдобар на натпреварот во две категории, односно постигна 17 поени и осум скокови, додека зад своето име додаде и четири асистенции и две украдени топки.

Стони Брук со денешната победа стигна до биланс од шест триумфи и четири порази против екипите од својата конференција и се искачи на третата позиција во лигата.

Уште еден важен податок за денешниот меч е тоа што за првпат во историјата, Стони Брук успеа да запише пет победи по ред во НЦАА.