Aрсенал се „истури“ на Лидс и му побегна на Сити! (ВИДЕО)

По три натпревари без победа во Премиер лигата Арсенал денеска лесно ја оправда фаворитската улога славејќи 4-0 на гости кај Лидс.

Од самиот почеток Арсенал беше подобар противник на теренот, а резултатот беше отворен во 27-та минута кога погоди Зубиаменди. Десет минути подоцна по еден корнер на Мадуеке, голманот Дароу лошо реагираше и си ја погоди сопсвената мрежа.

Сликата на теренот не се промени и во второто полувреме и Арсенал постигна и уште два гола за конечни 4-0.

Со овој триумф Арсенал дојде до 53 бода, седум повеќе од Манчестер сити кој е втор со 46 и натпревар помалку, „граѓаните“ ова коло утре ќе гостуваат на Тотнем.

На останатите две средби  Борнмут славеше на гости кај Вулвс со 2-0, додека Брајтон и Евертон одиграа 1-1.