Ваков аматеризам не е виден: Реал игра без двајца фудбалери, Винисиус и Мбапе се „ладат' (ФОТО)
Критики за играчите на мадридскиот гигант стигнуваат од сите страни и се чини дека сите се издржани. На удар се фудбалерите поради нивната ноншалантност, особено во последните моменти кога Бенфика го постигна последниот гол.
При изведувањето на клучниот слободен удар, од кој погоди голманот Трубин, Бенфика напаѓа со сите можни играчи, а Реал се брани со само шестмина. Раул Асенсио и Родриго добија црвени картони, а Винисиус и Мбапе место да помогнат во одбраната, се „ладат“ далеку од својот шеснаесетник.
Како што може да се забележи на фотографијата, Винисиус е далеку од фокусот на играта, додека Мбапе воопшто го нема во кадар. Во такви услови, Бенфика имаше огромна предност која ја искористи за да го постигне голот за победа. Несфатливи се и критиките на Мбапе кој иако постигна два гола, потфрли во клучните моменти.