Арбелоа е само привремен, Реал тргнува по - Унаи Емери

Две годин, Реал Мадрид го следеше, бркаше и го подготвуваше теренот за доаѓањето на Чаби Алонсо, но она што требаше да биде повеќегодишен проект и династија беше расформирано за само седум месеци.

Чаби го наследи неговиот поранешен соиграч Алваро Арбелона, кој е задолжен да ги води „кралевите“ до крајот на сезоната, но неговиот прв месец на функцијата беше мошне напнат. Се зборуваше за Јирген Клоп како идеален кандидат да ја преземе соблекувалната на „Бернабеу“ во лето, но според информациите од Радио Марка и Рамон Алварез Де Мон и германскиот „Скај Спорт“, нема да биде изненадување ако, по Алонсо и Арбелоа, уште еден Шпанец седне на една од најжешките клупи во фудбалскиот свет.

Двата медиума известуваат дека Унаи Емери е сериозен кандидат за клупата на Кралскиот клуб следното лето и дека Реал Мадрид веќе контактирал со четирикратниот освојувач на Лигата на Европа. Според нив, дел од раководството на Реал Мадрид е воодушевен од работата што ја врши Емери во Бирмингем. Неговата Астон Вила се држи со Арсенал и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата, има ист број бодови како „граѓаните“ и само четири помалку од лидерот. Покрај тоа, Вила е прв фаворит за освојување на Лигата на Европа.

Баскиецот има договор со тимот од Вила до 2029 година, но ако Реал Мадрид на крајот го избере за наследник на Арбелоа, веројатно нема сила што би можела да го спречи да го напушти Вила Парк. Во кариерата што трае повеќе од две децении, Емери изгради сериозна биографија со клубови како Валенсија, Севиља, Арсенал, Пари Сен Жермен и Виљареал, градејќи си статус на специјалист во куп натпреварувањата.