Челси го прекина договорот со најплатениот фудбалер во клубот (ФОТО)

Светскиот клупски шампион Челси донесе одлука да ја прекине соработката со поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг, кој беше најплатен фудбалер во лондонската екипа.

Стерлинг заработуваше по 325.000 фунти неделно, но не добиваше шанса кај тренерот Енцо Мареска, а потоа и кај Лијам Росениор, по што „сините“ решија да му ја прекинат соработката.

Англичанецот пристигна како големо засилување во 2022 година од Манчестер сити, па по три ипол сезони повторно ќе бара нов ангажман.

Фото: EPA PHOTO