Фјури по долга пауза се враќа во рингот и ќе се бори против Русин!

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури се враќа во рингот по долга пауза и ќе се бори на 11 април во Велика Британија, а противник ќе му биде Русинот Арсланбек Макмудов.

Фјури се повлече од рингот по двата порази од Олександр Усик, по што реши да направи долга пауза, а сега ќе се пресмета со Макмудов кој има 21 победа и два порази.

Борбата ќе се одржи на 11 април, а се очекува да име пренос на платформата „Нетфликс“.