Евротип ги спојува спортот и гејмингот преку најпознатата лојалти програма

Евротип, една од водечките спортски обложувалници, ја унапредува својата лојалти програма со вклучување на најновите гејминг продукти, носејќи дополнителна вредност за своите корисници. Со секоја направена уплата, членовите на лојалти програмата автоматски собираат поени, без никакви дополнителни трошоци или обврски.

Собраните поени можат да се користат за добивање на атрактивни награди, меѓу кои и современа гејминг опрема, што овозможува корисниците да ја спојат возбудата од спортското обложување со задоволството од гејмингот. Учество во лојалти програмата е целосно бесплатно и достапно за сите регистрирани корисници на Евротип.

Програмата е креирана со цел да ги награди лојалните играчи и да им понуди реални бенефити за нивната активност и доверба. Во наредниот период, Евротип најавува и дополнителни изненадувања, нови награди и ексклузивни поволности, продолжувајќи да инвестира во иновативни решенија и подобро корисничко искуство.