Чаби Алонсо нема против да го преземе Ливерпул, ама бара играчи за - 400 милиони евра
Шпанецот одлично се снајде во Баер Леверкузен, сензационално освојувајќи ја титулата во Бундеслигата, но преселбата во Мадрид не помина најдобро. Тој не успеа да се справи со притисокот и соблекувалната полна со ѕвезди и беше отпуштен откако загуби од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Сепак, јасно е дека Алонсо нема да мора долго да чека за нова работа. Се верува дека Ливерпул веќе го контактирал и дека Шпанецот е подготвен да каже „да“ на друг свој поранешен клуб. Легендарниот играч од средниот ред наводно јасно ставил до знаење дека ако ги преземе „Црвените“, очекува да има целосно влијание врз трансфер пазарот.
Англиските медиуми известуваат за тајна средба што ја имал со челниците на клубот, за време на која им предложил да инвестираат околу 400 милиони фунти во нови засилувања. Според британските медиуми, побарал да доведе четири млади таленти: Мики ван де Вен, Адам Вортон, Бредли Баркола и Мајкл Олисе. Оваа четворка ги опфаќа сите линии на теренот - од солидна одбрана, преку креативен среден ред, до брз и технички вешт напад. Секој од нив е веќе искусен играч, а нивната комбинација би можела да донесе сосема нова димензија во играта на Ливерпул.
Шпекулациите доаѓаат во време кога Ливерпул покажува знаци на несигурност, а менаџерот Арне Слот е под притисок по низа неубедливи резултати. Иако Ливерпул не е навикнат да прави вакви промени на средина од сезоната, медиумите блиски до Енфилд уверуваат дека Слот е веќе поранешен тренер.
Не е јасно дали „Црвените“ ќе останат со Слот до крајот на сезоната или ќе донесат голема одлука за промена на тренерот порано.