Вардар бира меѓу странец и Македонец, неколку имиња се во игра!

Вардар ја почнува потрагата по наследникот на Гоце Седлоски кој од август ќе го напушти кормилото на црвено-црните и комплетно ќе се посвети на македонската репрезентација.

Актуелниот лидер во македонското првенство од наредната сезона ќе има нов тренер, клубот е во контакт со повеќе имиња, се преговара и со странци и со Македонци.

42-годишниот аргентински стратег Кристијан Фабијани кој последно го предводел Њуел Олд Бојс е најатрактивната опција за Вардар. Со него активно се водат преговори, тој е и најскапата опција, но неизвесно е дали Аргентинецот ќе ја прифати понудата.

Од странци во игра се Пјотр Височански од Полска кој работел за тамошната репрезентација до 19 години, како и младиот Французин Ромаин Фолз кој има само 35 години, но веќе седумгодишно тренерско искуство. Французинот водел неколку африкански екипи.

Дел од македонските стратези кои се во игра се Матија Мирков кој е актуелен помошник на Седлоски и би бил како континуитет на досегашната работа. Опции се и Борче Христов и Горан Здравков, но не се исклучува можноста и за некое друго име.