Ферари го претстави болидот со кој сака да има многу подобра сезона (ВИДЕО)
Во Ферари се надеваат дека „СФ-26“ ќе им овозможи значителен исчекор по разочарувачката мината сезона, која ја завршија на скромното четврто место во конкуренција на конструктори.
Дополнително, во текот на целата година во фокусот беше и Луис Хамилтон да се навикне на болидот на Ферари, што резултираше со тоа легендарниот Британец за првпат во кариерата да ја заврши сезоната без ниту еден подиум. Од друга страна, Шарл Леклер запиша седум подиуми, но на крајот заврши на петтата позиција, само едно место пред својот тимски колега.
Шефот на екипата на Ферари, Фред Васер, истакна дека тимот имал агресивен пристап во развојот на болидот за оваа сезона, со која започнува новата ера во Формула 1, а дека последните доработки ќе бидат направени непосредно пред дебито во Фјорано. Италијанскиот тим, инаку, е првиот во шампионатот кој целосно се префрли на развој на аеродинамиката за 2026 година, уште во април.
Новата сезона во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија, која ќе се вози од 6 до 8 март.