Робертсон пред трансфер во голем ривал на Ливерпул

Откако летово екипата на Ливерпул ја напушти Трент Александер-Арнолд, на излезните врати од „Енфилд“ се наоѓа и вториот бек кој во изминатите години прерасна во вистинска легенда на клубот, Енди Рообертсон.

Според информациите на медиумите, Робертсон во наредниот период би можел да го облече дресот на Тотнем.

Преговорите меѓу двете страни околу трансферот во овие денови се одвиваат во позитивна насока и се очекува наскоро да биде постигнат конечен договор. Тотнем во него гледа замена за Бен Дејвис, кој неодамна се повреди и го очекува подолг период на рехабилитација.

Робертсон е член на Ливерпул последните девет и пол години, период во кој за „црвените“ настапи на 363 натпревари, постигна 12 голови и запиша 68 асистенции.

Со клубот од „Енфилд“, капитенот на репрезентацијата на Шкотска освои две титули во Премиер-лигата и една титула во Лигата на шампионите. Во актуелната сезона тој е во втор план, со оглед на тоа што прва опција на левата бековска позиција кај Арне Слот е унгарскиот репрезентативец Милош Керкез.