ФФМ ја закажа ждрепката за четвртфиналето во Купот на Македонија
Помеѓу осумте најдобри во Купот ова сезона се пласираа пет екипа од Првата лига и три од Втората кои утре ќе ги дознаат своите противници.
„Одделот за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа известување до клубовите дека извлекувањето на 1/4 финалните парови од Купот на Македонија ќе се одржи во петок, 23.01.2026 година, со почеток во 12:00 часот, во „Куќа на фудбалот““, информираа од ФФМ.
Екипите кои ја чекаат ждрепката се: Работнички, Вардар, Струга Трим Лум, Силекс и Шкендија, Охрид, Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново.