Ракометарите ги дознаа можните ривали за баражот за СП 2027 - и Србија е меѓу нив!
Веќе се познати и можните противници за Македонија и меѓу потенцијалните ривали има незгодни противници, тука е и Србија.
Победата над Романија значеше дека турнирот го завршуваме на 14-тото место, а тоа ни донесе подобра позиција и во квалификаците ќе го одиграме само третиот, последен бараж каде што ќе имаме улога на носител во првиот шешир.
Двата натпревари дома и на гости Македонија против противникот кој ќе го добие на ждрепка ќе ги игра во мај.
Можните ривали на Македонија се: Чешка, Италија, Босна и Херцеговина/Косово, Грузија/Израел, Украина/Словачка, Србија/Литванија, Полска/Летонија, Турција/Романија, Грција/Белгија, Финска/Црна Гора.
Мундијалот во Германија се игра наредната година од 14-ти до 31. јануари.