Шок на „Итихад“: Донарума експресно заминува од Манчестер сити!?

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума минатото лето го засили Манчестер сити и се очекуваше да остане долго време во гигнатот од Премиер лигата, но ситуацијата се променила.

Неговиот менаџер за „РАИ“ открил дека Донарума наскоро би можел да се пресели во Италија, иако пред неколку месеци го облече дресот на „граѓаните“.

Донарума наводно е на листата со желби на две екипи од Серија А, односно за неговиот потпис ќе се борат италијанските гиганти Јувентус и Интер.

Италијанецот оваа сезона настапи на 25 натпревари за премиерлигашот во сите натпреварувања, а прими 24 голови.