Хаос во Мелбурн: Тенисер тргна да се пресмета со навивач (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина беше главен актер во инцидент во второто коло на Австралијан опен, кога во еден момент тргна да се пресмета со навивач од трибините.

Сè почна кога Шпанецот ја загуби контролата на теренот, по што Фокина збесна и тргна да се пресмета со навивач кој го провоцираше од трибините.

Фокина тргна кон трибините, а судијата Нико Хелверт мораше да трча преку цел терен за да се спречи хаос во Мелбурн.