Ауди го претстави првиот болид во Ф1: Не сме тука да си играме, ова е амбициозен проект (ВИДЕО)

Во Формула 1 од следната сезона ќе вози и нова екипа, а станува збор за Ауди, кој го наследи Заубер и сега за првпат го претстави својот болид во јавноста.

Ауди сака да создаде моќен болид до 2030 година и да се бори за титулата, односно имаат амбициозни планови во „најбрзиот циркус“.

„Не сме тука да си играме, ова е амбициозен проект. Скромни сме, знаеме од каде поаѓаме, но и каде сакаме да стигнеме. Сакаме Ауди да стане најуспешен тим во историјата“, кажа џонатан Витли од екипата.