Хрватски репрезентативец потпиша двегодишен договор со Вардар (ФОТО)

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар потпиша двегодишен договор со хрватскиот репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во скопскиот гигант во следната сезона.

Љевар е висок 198 сантиметри и настапува на позицијата лев бек, а во Вардар ќе пристигне од редовите на Слован каде што блесна со своите настапи.

Хрватот играше одлично во Европската лига, односно постигна дури 44 голови и се покажа како еден од најдобрите стрелци на Слован.

„Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели“, изјави Љевар.