Имаме гранитна одбрана, Македонија е на плус четири по првото полувреме
Македонија одлично го почна мечот со Романија, игравме фантастично во одбраната, Романците првиот гол го дадоа дури во 11. минута и тоа од пенал.
Имавме и падови, периоди кога не можевме да дадеме гол, голманот на Романците, Попеску имаше одлично полувреме со седум одбрани.
Највисокото водство ни беше пет разлика, на одморот имаме предност од четири. Впечаток е дека треба да го кренеме нивото во нападот.
Кузмановски со четири гола е најефикасен, Џонов, Ѓоргиев и Костески постигнаа по два.