Клуб Бриж лесно го реши Каират и се врати во трка за нокаут-фаза во ЛШ

Фудбалерите на Клуб Бриж триумфираа со убедливи 4-1 против Каират Алмати на стартот на седмото коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Белгиската екипа ја најави победата уште во првиот дел, и тоа со головите на Станковиќ и Ванакен (2-0).

Вермант во 74. минута ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 3-0, по што погоди и Мекеле за водство од убедливи 4-0.

Каират Алмати погоди во втората минута од судиското надополнување преку Садјебеков за конечни 1-4.