Гркот Костулас го спаси Брајтон од пораз во 91. минута! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бормут и Брајтон одиграа нерешено (1-1) во 22. коло во Премиер лигата.

Брајтон напаѓаше во првиот дел, но гол за предност постигна Бормут, и тоа преку Маркус Таверние во 32. минута од пенал.

Бормут го чуваше водството до самата завршница, кога Костулас погоди во 91. минута и донесе важен бод за домаќинот.