Шокантен пораз на Лацио: Комо лесно го освои Рим
Мартин Батурина го постигна првиот гол за Комо во втората минута од средбата, додека во продолжение Нико Паз стрелаше за 2-0.
Паз доби шанса и за трет гол, но не го искористи пеналот во 35. минута. Сепак, младиот фудбалер успеа да погоди во 49. минута за водство од 3-0.
Комо се наоѓа на шестата позиција со 37 бодови, додека Лацио остана на деветто место со 28 поени.