Интер си купи голем хрватски талент од Динамо Загреб (ФОТО)

Поранешниот италијански шампион Интер договори уште едно големо засилување за иднината, а тоа е талентираниот хрватски фудбалер Леон Јакировиќ.

Динамо Загреб ја прифати понудата од 2,5 милиони евра во готово плус два милиони евра во бонуси за трансферот на Јакировиќ, кој наскоро ќе биде промовиран во дресот на „нераѕурите“.

Младиот стопер треба да потпише повеќегодишен договор со италијанскиот гигант и пред него е голем предизвик во кариерата.