И да не се пласираме во втората фаза, ептен важно е да ја победиме Романија!
Ако ја победиме Романија за второто место ќе одлучува гол разликата која во овој момент е далеку на страната на Португалија. Дали ќе се случи да ја анулираме таа висока предност на Португалците или не, не зависи само од нас, но она што зависи е победа над Романците.
Без разлика дали ќе одиме понатаму или не, победа над Романија ни е исклучително важна.
Ако ја победиме Романија и го освоиме третото место, тоа ќе значи дека ќе играме само еден бараж за пласман на Светското првенство, четвртиот во групата ќе игра два бараж натпревари.
Со победа над Романците и бодот кој го освоивме против Португалија, би требало да имаме и доволно добар пласман за во ждрепката за баражите да бидеме во групата на носители и да добиеме полесен противник.
Затоа што и да се случува на мечот меѓу Данска и Португалија, ние мора да го направиме нашето, да ја победиме Романија.