Дурант го помина Новицки, следен е - Џордан (ВИДЕО)

Иако немаше најдобро издание и шутираше очајно од поле, легендарниот американски кошаркар Кевин Дурант е во центарот на вниманието во НБА поради своето остварување во дуелот со Њу Орлеанс.

Хјустон славеше со 119-110, а Дурант постигна 18 поени и го помина Дирк Новицки на шестата позиција на вечната листа на стрелци во НБА лигата. На суперѕвездата на Рокитс ѝ беа потребни 16 за да го стигне Германецот, но сега има два повеќе од неего. Следен на листата е Мајкл Џордан кој на Дурант му бега 730 поени и ќе се обиде да го стигне веќе до крајот на оваа сезона бидејќи му остануваат 42 натпревара.

Дурант ноќеска погоди само пет од 18 шута од игра, но имаше расположени играчи во својот тим. Смит постигна 32, Шенѓун 21, а Томпсон 20 поени и тие му ја донесоа победата на Хјустон.

Тимот од Тексас со тоа остана на петтата позиција на табелата во Западната конференција, додека Њу Орлеанс е закован на дното со само 10 победи на 45 натпревари.

РЕЗУЛТАТИ
Чикаго - Бруклин 124-102
Хјустон - Њу Орлеанс 119-110
Денвер - Шарлот 87-110
Сакраменто - Портланд 110-117
ЛА Лејкерс - Торонто 110-93