„Еден за друг гиневме за Македонија - така се вративме во натпреварот“

По ремито на Македонија со Португалија зборуваше и Игор Ѓорѓиев, ракометарот на Алкалоид кој порача дека вербата и борбата биле едни од најважните фактори во овој дуел.

Во еден момент од вториот дел Португалија водеше и со пет гола разлика, но Македонија успеа да се врати, а на крајот можевме да имаме и напад за победа.

„Навистина долг период се подготвувме за овој натпревар и одигравме така како што се договориме, иако имавме хендикеп со повредите. Португалија е одлична селекција, лани стигна до полуфинале, но и ние покажавме квалитет и дека напредуваме од ден во ден. Важна беше вербата и желбата да гинеме еден за друг за позитивен резултат, тоа беше клучно за овој позитивен резултат. Нема да калкулираме ништо, ни останува еден ден да одмориме, а потоа со позитивни мисли до позитвен резултат“.

Со Романија во последниот натпревар во оваа група играме во вторник во истиот термин.