Историска партија на капитенот: Фитиљ израмни рекорд на Кире Лазаров
Популарниот Фитиљ, во стил на својот прекар, одигра историски меч, постигна повеќе од половина голови на нашиот тим (15), а меѓу другото, израмни еден рекорд на актуелниот селектор Кирил Лазаров од деновите кога беше активен ракометар и исто така капитен на националниот тим. Кузмановски го израмни рекордот на македонската репрезентација кој до денеска го држеше само Лазаров, а датираше од 2009 година.
На дуелот против Јужна Кореја, во мечот за пласман на 11. место на Светското првенство во Хрватска, Лазаров тогаш постигна исто така 15 гола (од вкупно 32) од 24 шута. Кузмановски денеска имаше само три промашувања и заслужено го доби и признанието за најдобар играч на мечот.
Ефектот на ракометарот на Пелистер е и најдобар индивидуален во досегашниот дел од Европското првенство и го става на второто место на листата на стрелци, зад Франсиско Коста, со вкупно 19 гола.