Кузмановски: Одигравме со срце и душа за Македонија!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски одигра неверојатен натпревар против Португалија и постигна дури 15 голови.

Кузмановски кажа дека одиграле со срце и душа за Македонија и кажа дека жали што на крајот не успеале да триумфираат.

„Фокусот беше против Португалија и Романија, Данска беше за уживање. Горд сум на момците кои се бореа за Македонија. Сите имаа крв во очите, покажавме срце, игравме со душа за Македонија, одиме понатаму да играме со Романија. Ако го повториме овој меч, мислам дека ќе се радуваме на победа, но мислам дека мора да влеземе со ладни глави. Тешко е да се калкулира во моментов, но наше е да се подготвиме и да одиграме 60 минути машки и се надеваме на победа“, кажа Кузмановски.