Димитриевски ја сочува мрежата, голема победа за Валенсија во Ла Лига!
Димитриевски максимално ја користи повредата на Агирезабала и со одличните партии покажува дека тој треба да е прв голман на Валенсија.
Македонецот уште еднаш ја сочува мрежата и даде сериозен допринос за денешните три бода.
Клучниот момент се случи во 84. минута кога Гаја погоди за водство на Валенсија од 1-0 што беше и конечен резултат.
Со денешните три бода Валенсија излезе од зоната за испаѓање.