„Ел Команданте“ држи лекции на македонски јазик (ВИДЕО)

И во првото интервју откако беше назначен за селектор на Србија, Раул Гонзалес зборуваше за тамошните медиуми  на македонски јазик, а очигледно ништо не се сменило во меѓувреме.

На Европското првенство тој одлично ја води српската репрезентација, а комуникацијата со своите ракометари се уште ја има на македонски јазик. Тоа можеше да се види и на тајмаутите на кои исто така го зборува нашиот јазик.

 

 

Во српската репрезентација има неколку ракометари кои играле или играат во моментов во Македонија, колку останатите успеваат да го разберат е нејасно, но „орлите“ на овој шампионат играат фантастично и се многу блиску до пласман во главната фаза.