Добри вести: Елмас не е повреден, само има последици од болест

Италијанскиот шампион Наполи остана во игра за шампионската титула во Серија А откако денеска минимално го совлада Сасуоло, но Антонио Конте имаше многу работа бидејќи во текот на мечот требаше да смени двајца фудбалери поради здравствени проблеми.

Прв од тие причини играта ја напушти македонскиот репрезентативец кој излезе од игра во 56. минута иако беше еден од најдобрите во тимот. Подоцна се повреди и Рахмани, а по мечот излезе информација дека ист проблем има и Политано кој, сепак, го доигра натпреварот до крај. Вниманието на македонската јавност е насочено кон состојбата на Елмас, но помошникот на Конте, Кристијан Стелини ја смири ситуацијата.

„Елмас почувствува вртоглавица, веројатно како последица на симптоми на грип, па не станува збор за повреда, но ќе имаме проценки за Политано и Рахмани во следните неколку дена“, изјави Стелини кој ја водеше екипата поради суспензија на Конте.

Тој порача дека на Наполи му се потребни нови фудбалери бидејќи речиси половина екипа е во аут поради повреди.