Натпреварот меѓу Македонија и Португалија ќе го судат браќа од БиХ

Македонската ракометна репрезентација утре од 18 часот ќе се соочи против Португалија во второто коло од Европското првенство (ЕП), а Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги делегираше судиите за дуелите.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија ќе го судат браќа од Босна и Херцеговина, а тоа се Амар и Дино Коњичанин.

Мечот меѓу Македонија и Португалија е закажан за утре од 18 часот во Хернинг.