Арсенал не го искористи киксот на Сити и освои само бод против Нотингем Форест

Лидерот во англискиот шампионат, Арсенал имаше одлична шанса да му избега на Манчестер сити на табелата, но освои само бод на тешкото гостување кај Нотингем Форест (0-0) во 22. коло од Премиер лигата.

„Топчиите“ ја контролираа играта од самиот почеток на натпреварот и постојано се закануваа кон голот на Нотингем, односно создадоа дури 15 шанси, но само три беа во рамки на голот на ривалот.

Нотингем успеа да ја зачува мрежата и да освои голем бод против фаворитот, кој сега има седум бодови повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Standings provided by Sofascore

Фото: Nottingham Forrest/Facebook