Лајпциг го налути Баерн Минхен, па доби „петарда“ од шампионот

Германскиот шампион Баерн Минхен запиша уште една убедлива победа во Бундес лигата, откако вечерва со 5-1 го декласира Лајпциг.

Домашниот тим постигна гол за водство преку Ромуло Кардосо во 20. минута и предноста остана до крајот на првиот дел.

Баварскиот гигант се разбуди во вториот дел, па преку Серж Гнабри израмни на 1-1, а потоа Хари Кејн погоди за целосен пресврт (2-1).

До крајот на средбата стрелаа уште Џонатан Тах, Александар Павловиќ и Мајкл Олисе за победа од 5-1 на Баерн Минхен.