Муричи со хет-трик го расплака Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Мајорка успеа да го шокира Атлетик Билбао во натпревар со пет голови (3-2), а херој на домашниот состав беше Ведат Муричи кој постигна хет-трик.

Муричи ја отвори серијата во петтата минута кога погоди за 1-0, но набрзо Гомез израмни на 1-1, по што следниот удар го зададе Мајорка во 42. минута преку фудбалерот од Косово.

Вилијамс на истекот на регуларните 45 минути во првиот дел успеа да израмни на 2-2, но Муричи беше стрелец и на третиот гол за Мајорка, и тоа во 69. минута од пенал.

Фото: Facebook/RCD Mallorca