Нилсен: Му се одмаздивме на Лазаров за поразот пред четири години во Скопје!
Меѓу нив и Емил Нилсен, еден од најдобрите европски голмани во моментов кој и денеска го покажа својот квалитет.
„Не е иста ситуацијата пред четири години и сега. Различни се составите на двете репрезентации. Мислам дека тогаш Македонија направи огромно изненадување, на Кире му беше прв натпревар како селектор, јас бев во составот, но не бранев.
Денеска ние ја покажавме класата, иако беше тежок натпревар за нас. Никогаш не е лесно против тим кој игра бавно, кој сака да го уништи нашиот ритам. Среќен сум што успеавме да му се одмаздиме на Лазаров за поразот во Скопје. Без разлика што ние победивме убедливо денеска, видов добри работи во македонската репрезентација“, рече голманот на Барселона.