„Не сум играл против посилна репрезентација од Данска“

Репрезентацијата на Данска секако е меѓу фаворитите на натпреварот и беше одличен тест за македонските ракометари каде се наоѓаат во моментов.

Павле Атанасијевиќ е импресиониран од моќта на противникот и признава дека не видел нешто посилно од денешниот ривал. Сепак, ова треба да биде лекција за она што не очекува во следните два меча.

„Не сум играл против посилен ривал од оваа репрезентација на Данска. Главната сила на противникот беше во нивната полуконтра, брз центар и ни ја казнуваа секоја грешка. Без разлика на денешниот пораз, мислам дека сите сме подготвени, помина дуелот со Данска и можеме да се насочиме на она што следува на првенството, пред се дуелот против Португалија кој е клучен за нас“, рече Атанасијевиќ.