Томовски: Ова ни е лекција како не треба, против Португалија на - сѐ или ништо!
Данска беше огромен фаворит во мечот, а тоа и го покажа, Македонија се трудеше да парира колку што може, но Данците се пресилни.
„Без разлика што се најдобро, ние го дадовме максимумот, тие технички грешки не чинеа скапо, Данците знаеа како тоа да го казнат. Овој меч може добро да ни помогне за анализа за следните натпревари, да ги поправиме тие грешки и против Португалија да атакуваме на позитивен резултат“.
Следниот противник на Македонија е Португалија, тоа може да биде директен дуел за втората позиција.
„Верувам дека против Португалија ќе биде поинаку. И тие играат брзо, но имаат многу слабости. Овој меч беше само една увертира, патоказ како не треба, да ги корегираме нашите грешки и да одиме на се или ништо против Португалија“.
Мечот против Португалија го играме во недела од 18 часот.