Една серија на Данците ја направи разликата во првото полувреме!

Македонската репрезентација го почна учеството на Европското првенство, во првото полувреме ѝ покажуваме мускули на моќната Данска, имавме само еден пад поради кој Данците водат.

Избраниците на Кире Лазаров беа рамноправни на стартот, беше 3-3 во првите седум минути, а потоа следуваа низа грешки на нашите ракометари кои ги казнија Данците и направија серија од 5-0 за водство од 8-3.

Македонија го преброди овој црн период и до крајот на првото полувреме беше сосема рамноправна со домаќинот, резултатот по првите 30 минути е 17-12 за Данска.

Најефикасен засега на мечот во нашиот состав е Серафимов со четири голови, Кузмановски и Митев дадоа по два. Томовски има четири одбрани.